Кен Ален од Австралија во седумдесеттите години од минатиот век бил донатор на сперма. Тој во 2014 година дознал дека има 11 деца, две ќерки и девет синови. За татковството дознал откако му се јавиле од Клиниката за вештачко оплодување и му кажале дека 11 жени останале бремени, оплодени со негова сперма во клиниката.
27-годишната Клои прва го побарала својот татко, па во текот на потрагата го нашла својот полубрат Роберт. Откако стапиле во контакт со Кен, заедно ги нашле и останатите девет деца.
Кен за австралиските медиуми рекол дека е пресреќен што ги нашол сите свои деца на време, оти боледува од Паркинсонова болест, која е во рана фаза. Додал дека се плаши дека поради болеста брзо ќе ги заборави и дека му е тешко што нема да може да помине повеќе време со нив.
Текстот (Видео) Донатор на сперма дознал дека има 11 деца е превземен од Reporter.mk.