Безбедносните камери во Охајо забележале неверојатен потег на возач кој на преполн автопат решил да се исклучи а потоа повторно да се вклучи возејќи во рикверц, речиси два километри.
Според времето забележано на снимката, овој маневар се случил во вторникот околу 7 часот утрото, што значи дека во текот на сообраќајниот шпиц и време кога луѓето одат на работа.
Никој не е сигурен зошто возачот се одлучил на ваков луд потег. Тој од преполниот автопат почнал да вози во рикверц и така возел се до исклучувањето, потоа се вклучил на другиот, исто така прометен пат со 6 ленти и возел се до наредното исклучување, од каде продолжил до најблискиот паркинг.
Меѓу коментарите под видеото, кое со голема брзина се шерувало на социјалните мрежи, стои и можното објаснување дека веројатно дошло до проблем со менувачот и дека тоа бил единствен начин да се извлече од сообраќајот.
Во текот на овој несекојдневен маневар, за среќа никој не е повреден, а возачот не е идентификуван.