Премиерот на Албанија Еди Рама, беше погоден со јајце за време на неговиот говор од пратениците во албанскиот парламент. Ендри Хаша од Демократската партија од опозицијата е пратенкот кој го гаѓаше Рама со јајце.
Во очекување на пратениците да интервенира претседателот на Парламентот Грамоз Ручи, Рама мораше да ја напушти седницата.
Фотографијата на која се гледа како Хаша го погоди Рама со јајце, ја објави на социјалните мрежи поранешниот албански премиер Салиј Бериша, со порака „За присутните тост и јајца“.
Интернет порталот „Лјајми фундит“ пренесе дека откако Ендри Хаша го погодил со јајце Рама, кој бил на говорницата, следел конфликт меѓу опозициските пратениите со обезбедувањето во парламентот.
Истовремено со почетокот на пленарното заседаните во албанскиот парламент пред зградата, се собрале голем број на ученици и студенти од повеќе градови од Албанија, кои протестираат веќе 16 дена.
Тие бараат од Владата на Рама да ги исполни нивните барања кои се однесуваат на подобрување на условите за студирање. По петчасовен прекин, денешната пленарна седница во албанскиот парламент е одложена за 18 часот. Седницата мораше да биде одложена поради тензиите настанати во салата, откако Хаша го погоди Рама со јајца.
Парламентарната комисија одлучила да му забрани на Хаша да учествува на седниците во парламентот во наредните 10 дена. И покрај ваквата одлука, Хаша одбил да ја напушти салата, што довело до одложување на седницата за попладне.
Истовремено со настаните во парламентот, пред собраниската зграда, веќе 16 ден по ред, протестираат учениците и студентите, а дел од нив тргнале кон владата за да го изразат личниот протет кон премиерот, пренесува албанскиот интернет портал „Сот њуз“.
Текстот (Видео) Еди Рама погоден со јајца додека држеше говор во парламентот е превземен од Reporter.mk.