Голем број европски монархии во последните децении се посиромашни. Од десет кралски семејства во Европа, девет и понатаму се финансираат од државниот буџет. Исклучок е кралското семејство во Лихтенштајн, кои парите не ги добиваат од даночните обврзници, пишува „Си-Ен-Ен“.
Ова значи дека голем број од членовите на кралското семејство, самите ќе мораат да најдат работа и да ги плаќаат расходите на кои се навикнале. Колку пари добива секое семејство, зависи од законите и традициите во секоја од земјите. Некои на своите владетели им даваат паушални износи, а други се финансираат од разни извори, што го отежнува оданочувањето.
Парите за кралеите кои се со таканаречено полно работно време, односно оние кои само во својот живот ја претставуваат круната, односно државата, варираат од земја во земја.
Во некои земји да се биде роднина на монарх е доволно за да се ужува во бенефитите кои ги нуди државата и самиот тој да се квалификува како член на кралското семејство со полно работно време, додека во други пак од браќата и сестрите на кралот или кралицата се очекува да си најдат самите работа.
Гледано по глава на жител, кралското семејство во Монако, е тоа кое најмногу ги чини граѓаните, по 1386 долари годишно, а Лихтенштајн најмалку, речиси ништо. Меѓу нив се наоѓаат кралските семејства на Луксембург, (19.30 долари по глава на жител), Норвешка, (9,20), Холандија (2,10), Велика Британија (1,60), Белгија (1,30), Шведска (0,70) и Шпанија (0,20 долари по глава на жител годишно).
Британското кралско семејство е едно од најголемите и најбогати, но и најскапи во Европа. Со полно работно време, по официјалната веб страница на монархијата, се 16 возрасни и три деца.
Но, затоа што принцот Хари и неговата сопруга Меган од јануари одличија да се осамостојат и самите да заработуваат за себе, семејството се намали на 14 активни членови.
Надвор од дворецот веќе од порано се издржува самата принцезата Беатрис. Таа работи во софтверска компанија, а нејзината сестра принцезата Еугенија, е директорка на галерија, додека една од внуките на британската кралица е професионална јавачка, а нејзиниот брат спортски менаџер.
Така „фирмата“, како што е познато ова семејство во Велика Британија е сè помалубројно. Активностите на британската кралица и нејзиното семејство во голема мера се финансираат од државната апанажа, која во 2018 година и 2019 година изнесувала 82,2 милиони фунти. Овие пари биле искористени за обнова на Бакингемската палата, потфат кој траел десет години.
Кнежеството монаго има четири полнолетни членови со „полно работно време“. Ова семејство добило 54,4 милиони долари во 2020 година, според официјалниот буџет на Кнежеството. Од тие, 14,6 милиони долари завршиле кај принцот, а остатокот ги покрива трошоците на администрацијата, персоналот и палатата.
Холандското кралско семејство е составено од седум возрасни и три деца и тие се сметаат за членови со полно работно време. Ова семејство добива 44,4 милиони евра за 2020 година, според официјалниот вебсајт на семејството. Од тие пари, кралот добива 5,9 милиони евра.
Седумината од норвешкото кралско семејство, вклучувајќи и две деца, се сметаат за членови со полно работно време, според вебсајтот на монархијата, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Според официјалните буџетски документи, владетелите на Норвешка добила во 2019 година 48,7 милиони долари. Од тие 1,4 милиони долари завршиле кај кралот и кралицата, а 1,1 милиони долари кај престолонаследникот и принцезата. Но, принцезата Марта Луиз, покрај службената должност работи и на своите планови надвор од кралското семејство. Таа има напишано неколку книги, има комерцијален јутјуб канал за коњи, алтернативна медицина, а се подготвува и да престане да ја користи кралската титула.
Белгиското кралско семејство во 2018 година добило 14,6 милиони долари од државниот буџет, е наведено на нивниот вебсајт. Најголем дел од тие пари 12,9 милиони долари, биле за службените должности на кралот Филип. За персонал, трошоци за кралската палата во Брисел, што претставува кралско работно место и дворецот Лекен, службеното престојувалиште на семејството. Од парите се плаќаат и комуналиите, автомобилите и сите трошоци поврзани за службените активности.
Покрај тоа, кралот, неговите родители и браќа и сестри примаат годишно плата од околу 350.000 долари. Родителите на кралот се пензионирани, но присуствуваат на некои настани. Поранешниот крал има и годишна пензија од милион долари.
Сопругот на принцезата Астрид, кралската сестра, белгискиот принц Лоренц работи во финансии, а неговите пет деца студираат и работат надвор од кралското семејство.
Данското кралско семејство добило 12,2 милиони долари во 2018 година, е наведено во годишниот извештај. Овој паушален износ ги покрива сите трошоци, вклучувајќи го и одржувањето на кралската резуденција.
И покрај титулите, данското кралско семејство сака да изгледа колку е можно поибочно. Децата ги праќа во државни школи, а и децата и возрасните често одат да шетаат самите низ град и да купуваат и да возат велосипеди.
Само четири члена од војводското семејство на Ликсембург, работат како официјални владетели и за тоа добиваат јавни пари. Според буџетските документи на Владата, ова семејство во 2019 година добило 11,8 милиони долари за сите трошоци. Големиот војвода добил плата од 312.000 долари.
Четири негови деца работат надвор од семејството и самите се издржуваат.
Кралското семејство во Шведска се состои од седум возрасни и две деца. Ова семејство во 2019 година добило 7,5 милиони долари годишно, за трошоци за кралските службени обврски, вклучувајќи ги и патните трошоци, персоналот и други задачи, како и за Кралската коњаница.
Шпанското кралско семејство е релативно мало. Се состои од само шест лица. Според нивниот вебсајт, ова семејство од буџетот на Шпанија во 2018 година добило 7,9 милиони евра.
Кнежеството Лихтенштајн е единстена монархија во Европа чие владејачко семејство не зема никакви јавни пари од даночните обврзници. Ова семејство и така се смета за едно од најбогатите во Европа, со голем имот, а сопственик е и на банка. Иако ова семејство е малобројно, само од четворица, сите се со полно работно време.
За разлика од другите европски монархии, Кнезот на Лихтенштајн има активна улога во политиката. Тој предлага закони, може да дава помилувања, да именува судии. Сепак, неговата власт доаѓа и со одговорност. Според Уставот, тој може да биде изложен на гласање за доверба ако тоа го побараат повеќе од 1500 избирачи, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Текстот (Видео) Европските кралски семејства сè посиромашни е превземен од Reporter.mk.