Без никаков повод ФИБА вчера потсети на историската тројка на Владо Илиевски на Европското првенство во 2011 година.
Дефинитивно тоа е најубавиот момент во историјата на македонска кошарка и еден од најубавите за воопшто за спортот во нашата земја. Таа тројка на Македонија и донесе голема победа против домаќинот на турнирот, таа победа ја однесе Македонија во полуфинале.
После тој натпревар настана и легендарниот коментар на Владо Илиевски:
„Леле луѓе што направивме“.
Vlado Ilievski shocks Lithuania
In 2011, Vlado Ilievksi and shocked the hosts for one of the greatest upsets in #EuroBasket history. Remember this game? #Clutch
Posted by FIBA EuroBasket on Сабота, 29 јуни 2019
Текстот (Видео) ФИБА потсети на најубавиот момент во историјата на македонската кошарка е превземен од Reporter.mk.