Поранешниот германски лидер Адолф Хитлер многу внимавал на својот изглед и на впечатокот што сакал да го остави во јавноста. Во текот на триесеттите години од минатиот век Хитлер забранил голем број од неговите фотографии да се појават во јавноста, затоа што сметал дека се под неговото достоинство.
Некои од тие фотографии сепак завршиле во јавноста благодарение на војникот Афл Робинсон, кој во една куќа срушена од бомбардирањето во Германија пронашол книга без корица. Робинсон одлучил да ја додаде во својата колекција на нацистички реликвии.
Во книгата биле прикажани неколку фотографии на Хитлер со деца и коментари од типот дека младите го сакале фирерот. Децата се обидувале да му се приближат за да му дадат цвеќе. Авторот не бил така поетичен кога требало да ја опише фотографијата на Хитлер во кратки панталони, па само под неа напишал „Во кратки панталони“.
Текстот (Видео) Фотографии од кои Хитлер се срамел е превземен од Reporter.mk.