По победата во финалето на Светското првенство во фудбал, во Франција завладеа еуфорија, а еден навивач сакаше да ја искористи атмосферата и клекна за да ја побара за сопруга својата девојка. Но, таа го одби, а ваквиот момент беше снимен од еден од минувачите во толпата.
Снимката се појави на „Твитер“ и веќе има над 370.000 прегледи. И додека многумина имале симпатии кон несреќниот навивач, други го критикувале неговиот начин да ја побара девојка си за сопруга пред пијаната толпа.
„И јас би му рекла не. Тешко дека ваквиот начин може да се толкува како романтичен“, бил еден од коментарите.
Ouch – French fan proposes to his significant other in the middle of the World Cup celebrations & she says no. pic.twitter.com/1Oma26HNU3
— Get French Football News (@GFFN) 16 July 2018
Текстот (Видео) Французин ја побара својата девојка за сопруга за време на славењето е превземен од Reporter.mk.