(Видео) Фудбалери го тепаа својот голман по поразот на пенали

Фудбалерите на Коринтијанс на возраст до 20 години го тепаа својот голман, по поразот во пенал-серијата против тимот на Фламенго. Голманот на Коринтијанс беше посочен како главен виновник за елиминацијата во полуфиналето во популарното Бразилеиро.

Фудбалерите го нападнаа и удираа со тупаници. Иако натпреварот заврши нерешено и голманот на Коринтијанс не прими гол во регуларниот дел, сепак во пенал-серијата играчите на Фламенго беа подобри.

Немилиот настан почна со расправија меѓу капитенот и голманот на Коринтијанс. Потоа чуварот на мрежата беше нападнат и од остнатите играчи.

Епилог од инцидентот допрва се очекува со реакција на раководството на Коринтијанс.

Текстот (Видео) Фудбалери го тепаа својот голман по поразот на пенали е превземен од Reporter.mk.