Поранешната ѕвезда на шкотскиот фудбалски клуб Ренџерс, Фернандо Риксен, го прославил роденденот на неговата ќерка во болница во Шкотска каде ги минува последните денови од неговиот живот.
Риксен кој боледува од неизлечива болест ја израдувал неговата ќерка за седмиот роденден со торта и балони. На фудбалерот во 2013 година му бил дијагностициран моторен нерв, болест за која нема лек, а која кај него веќе е во завршна фаза.
Лекарите пред шест години му дале на Риксен само 18 месеци живот. Секој втор човек заболен од оваа болест умира во рок од две години објаснуваат лекарите.
Сепак Риксен се покажал како вистински борец. Тој не се предадл никогаш, а не се предава ни сега. Риксен својата соба ја украсил со балони и подароци, а неговата сопруга Вероника ја снимила ќерката за време на нивната посета.
„Најдобар татко некогаш. Најдобро изненадување за нашето мало девојче. Фала ви многу што ме усреќивте“, пишува под видеото кое е објавено на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Best daddy ever , best surprise for our little girl ❤️❤️❤️ thank you so much for making her happy ❤️
Иако Риксен е видно ослабен, тешко зборува и не може да се движи, сепак лекарите и семејството велат дека плени со неговата неверојатна храброст и воља за живот. Негова желба била да и приреди роденден и ја изненади ќерка му во болницата.
Фудбалерот преку видео ги поканил сите негови фанови на посебен настан наречен „Вечер со Фернандо Риксен“, каде ќе може за последен пат да се прости со семејството и пријателите. Настанот ќе биде организиран на 28 јуни.
„Здраво. Имам посебна ноќ на 28 јуни. Затоа што ова станува многу тешко за мене, ова ќе биде мојата последна ноќ. Дојди и направи ова да биде ноќ за паметење. Се надевам дека ќе се видиме наскоро. Фернандо“, изјавил Риксен.
Холандскиот фудбалер открил дека боледува од оваа неизлечива болест во октомври 2013 година, кога му заврши професионалната кариера. Риксен има одиграно во повеќе од 45 натпревари за АЗ, Ренџерс, Зенит Санкт Петербург и други клубови.
Текстот (Видео) Фудбалска ѕвезда од болнички кревет го прослави роденденот на ќерката е превземен од Reporter.mk.