Поради недстиг на заштитни маски и ракавици, германските лекари одлучија да протестираат, на таков начин, што се соблекоа голи и се изложија на уште поголем ризик и инфекции од коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.
Водејќи сметка да не ја вургализираат својата голотија, лекарите апелираа до германските политичари да поведат сметка за мерките за заштита на персоналот во здравствените установи.
— Pluton (@Pluton45873221) May 5, 2020
Канцеларката Ангела Меркел забрани извоз на заштитна опрема која се произведува во Германија, во обид да обезбеди континуирано снабдување на здравствените служби, а неодамна Германија увезе 10 милиони маски од Кина. Германското министерство за финансии обезбеди 8,7 милијарди евра за набавка на медицинска заштитна опрема.
Текстот (Видео) Германски лекари се соблекоа голи е превземен од Reporter.mk.