Видео од две момчиња кои се тепаат среде бел ден во Капиштец, додека стотина други навиваат, се рашири по социјалните мрежи. Снимката ја направил еден од присутните и наликувала на бокс-меч на отворено.
Очевидци велат дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто. во прилогот сведоци говорат дека во борбите учествувале и постари лица, се правеле облози, а имало и судии.
И покрај тоа што било пријавено во полиција и по една недела од настанот, МВР сѐ уште го истражува инцидентот. Снимката ја направи Институтот за комуникациски стидии во соработка со МТВ1
Текстот (Видео) Гладијаторски борби меѓу малолетници во центарот на Скопје е превземен од Reporter.mk.