Снимките од безбедносните камери на една куќа во Калифорнија, го идентификуваа дваесет и седумгодишниот Џошуа Манкини, кој среде бел ден, гол трчаше и бркаше две девојчиња, кои одеа во школо.
Настанот се случил во местото Френзо, во Калифорнија. Едно од девојчињата кое го минуваше паркираното комби, беше пресретнато од Џошуа и по само неколку моменти се најде на земја. Џошуа почнал да го влече, додека еден случаен минувач со кола ќе успее да го спаси.
Џошуа бил приведен од полицијата. Тој ги признал делата и вели дека побегнал од дома низ прозорот од купатилото. Од школото со соопштение излегле веднаш и ги советувале сите родители да им укажат на нивните деца, да одат во групи на пат за училиште.
Текстот (Видео) Гол маж брка деца сред бел ден во Калифорнија е превземен од Reporter.mk.