Јапонскиот голман Масахиро Окамото, успеа да прими два гола од центар за неполни две минути. 36 годишниот Окамото, кој настапува за тимот на второлигашот Ехиме, стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.
Во двата случаи, Окамото беше далеку од својот гол, а противниците успеаа да го совладаат од својата половина и да дојдат до предност од 3:0. Стрелци на убавите погодоци за домашниот тим Мотедио Јамагата беа Шун Накамура и Тацухиро Сакамото.
„„Киксот“ не можеме да го припишеме на неискусноста“, беа некои од коментарите на социјалните мрежи дадени за голманот Окамото кој има 36 години.
Текстот (Видео) Голман прими два гола од половина терен за 90 секунди е превземен од Reporter.mk.