Градоначалникот на Минеаполис Џејкоб Фреј, на почетокот на комеморацијата, клекна пред ковчегот на Афроамериканецот Џорџ Флојд и заплака.
Флојд беше човекот кој почина, откако претходно за време на приведувањето, полицаецот Дерек Шовен девет минути му клечеше на вратот. По неговата смрт настанаа масовни протести низ Америка.
На комеморацијата пристигнаа членови од семејството на Флојд, а пред Универзитетот Норт Централ се собраа група на луѓе кои исто така сакаа да му оддадат почит.
Телото на Флојд лежи во ковчег со златна боја, опкружено со цвеќе, а освен неговиот портрет, зад присутните е поставен и мурал со неговиот лик.
Илјадници луѓе се собраа денес во Минеаполис на комеморативниот собир, а меѓу присутните имаше и голем број на познати личности.
Текстот (Видео) Градоначалникот на Минеаполис плачеше на ковчегот на Џорџ Флојд е превземен од Reporter.mk.