Островот Гренланд во последните месец дена се топи со незабележана брзина. Научниците предупредуваат и за пожарите кои стануваат се почести на ова место, пренесува „Сајенс Алерт“.
Тие велат дека не очекувале Гренланд да се стопи со ова темпо во наредните 50 години. До последната недела во месец јули, топењето достигнало ниво кое климатските модели го предвидувале за 2070 година и тоа по најпесимистичното сценарио.
На почетокот на август ледената плоча на Гренланд изгубила 12,5 милиони тони лед, рекордно ниво откако истражувачите ги започнале ваквите мерења од летото 1950 година, пренесува „Вашингтон пост“.
Драматичното топење сугерира дека ледениот покривач би можел целосно да исчезне. Ако тоа се случи би можело да дојде до подигање на нивото на морето кое би предизвикало исчезнување на некои од крајбрежните градови низ светот.
Сезоната на топење на ледот на Арктикот почнува секоја година во јуни и завршува во август. Најголемото топњето е регистрирано во месец јули.
Брзината на топењето на ледот на Гренланд оваа година ги надмина сите рекорди. Од 30. јуни до 3. август забележано е топење на 90% од површината на Гренланд, испуштајќи 55 милиони тони вода за само пет дена.
Екстремното топење следело за време на најтоплиот месец, додека интезивниот топлотен бран бил забележан во Европа, а потоа стигнал и до Гренланд.
Слично топење на ледот е забележано и во Швајцарија. Таму глечерите изгубиле 800 милиони тони во текот на топлотниот бран во јуни и јули. На Аљаска исто така во месец јули забележано е рекордно топење на ледот.
Научниците на Гренланд снимиле бројни видеа од ледовите кои се стопиле и кои создале нови езера. Метеоролозите, климатолошките научници и геолозите комбинирале податоци кои се забележани на Гренланд за да дојдат до точното ниво на топење на ледот.
Што точно се случува на Гренланд, најдобро се гледа од снимките направени со сателит.
Текстот (Видео) Гренланд исчезнува, за еден месец стопени 12,5 милијарди тони лед е превземен од Reporter.mk.