Во Холандија е изградена најголемата гаража за велосипеди. Во оваа земја живеат 17 милиони луѓе и има 23 милиони велосипеди. Во просек, секоја личност во оваа земја, секој ден вози велосипед околу 18 минути.
Градот Утрехт е еден од водечките велосипедски градови во Холандија, а можеби и во светот. Првиот дел од проектот на паркот е реализиран пред две години, кога е отворен дел за 7500 велосипеди. Потоа е отворен вториот дел, а сега и има и трет.
Се работи за паркинг на три ката, кој работи 24 часа дневно. Има метални носачи на катот на кој сакате да го заклучите вашиот велосипед.
Холандија е најголемиот купувач на електрични велосипеди. Возењето на велосипед тука значително е позастапено, од било каде на друго место во светот.
Текстот (Видео) Холандија ја има најголемата гаража за велосипеди е превземен од Reporter.mk.