Холандскиот министер за здравство Бруно Бруинс се онесвести додека држеше говор на седницата во Парламентот. Додека го критикуваше опозиционерот Герт Вилдерс, министерот падна на земја, по што колегите мораа веднаш да да му помогнат да стане. Бруинс ја увери јавноста дека нема коронавирус и дека е само уморен.
„Се онесвестив поради исцрпеност. Сега сум подобро, ќе одам дома да се одморам и утре ќе се вратам повторно да се борам против кризата со коронавирусот, на најдобар начин на кој умеам“, изјавил Бруинс.
Во Холандија има повеќе од 2000 луѓе заразени со коронавирус, а министерот за здравство е на мета на критики затоа што многумина сметаат дека неговата партија не се бори на вистинскиот начин против епидемијата, која досега уби околу 60 луѓе во оваа земја.
За разлика од некои други земји, Холандија одлучи да ги затвори школите и центрите за нега, но границите и понатаму останаа отворени. Вилдерс бил критикуван затоа што се насемал кога на министерот доживеа незгода, но на „Твитер“ му посака брзо опоравување.
Текстот (Видео) Холандскиот министер за здравство се онесвести на седница во Парламентот е превземен од Reporter.mk.