По немирите во САД, кои се случија поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флјод и во Франција полицијата се соочува со гневна толпа која приреди масовни немири за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, но и црномурестиот Французин Адам Траоре, кој пред четири години беше убиен исто така од полиција.
Масовен број луѓе се собраа во француската престолнина, за да ја одбележат четвртата годишнина од убиството на Траоре. Француската полиција рано утрово фрли солзавец за да ја растера гневната топла народ.
Траоре беше убиен во 2016 година, во една полициска операција, слична на онаа во која неодамна беше убиен Џорџ Флојд во САД. Полицијата употребила солзавец, кога поедини учесници од протестот, ја запалиле оган и поставиле барикади на авенијата Кличи, во северен Париз. Улицата била преполна со ѓубре и стакло, пренесува „Ројтерс“.
Како пренесуваат тамошните медиуми, учесниците во протестите се собрале и покрај забраната од полицијата. Службите забраниле масовни собирања, поради стравот од нереди и ширење на коронавирусот.
Семејството на Траоре ја обвинија полицијата за неговата смрт, наведувајќи дека полицијата применила прекумерна сила. Тие велат дека во тепањето на Траоре учествувале тројца полицајци.
Француската жанармерија синоќа употреила мерки за да ги растера демонстрантите од улиците на Париз, кои палеле и кршеле во знак на протест против расната неправда, полициската бруталност и насилната смрт на Американецот Џорџ Флојд во Минеаполис.
Текстот (Видео) И Париз гори поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, но и Французинот Адам Траоре е превземен од Reporter.mk.