Илузионистот Ури Гелер и порачал на британската премиерка Тереза Меј дека нема да и дозволи да ја изнесе Британија од Европската унија и дека ќе употреби телепатија за да ја спречи во тоа.
Во отворено писмо до британската премиерка, Гелер ја навел дека физички и многу силно, чувствува дека мнозинството Британци се против брегзит и излегувањето на Британија од Европската унија.
Многу ве сакам, но нема да ви дозволам да ја внесете Британија во Брегзит. Без разлика колку и да ви се воодушевувам, телепатски ќе ве спречам и верувајте ми, јас сум во состојба да го изведам тоа. Ве повикувам неодложно да го спречите тој процес сеуште додека имате шанса“, и порачал Гелер на Меј, пишува „Гардијан“.
Гелер, кој сега живее во Израел, а претходно во Сонинг во Англија, во своето писмо упатено до премиерката, навел дека таа го познава веќе повеќе од 21 година и дека била гостинка во неговиот дом. Гелер и се пофалил дека три години пред Меј да стане премиер на Британија, тој ја предвидел нејзината победа.
Гелер тврди дека ја користи моќта на својот ум, за да обезбеди да лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин никогаш да не го добие клучот од зданието „Даунинг стрит 10“. „Гардијан“ пишува дека дури и „Централната известувачка агенција“ ги тестирала неговите моќи и телепатски способности.
Гелер во јавноста најмонгу е познат по моќта со својот ум да свитка лажичка.
Текстот (Видео) Илузионист ѝ се закани на Тереза Меј, преку телепатија ќе го спречел брегзит е превземен од Reporter.mk.