Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ доживеа незгода за време на настапот на Skiling the fire ring, по што веднаш заврши во болница. Тој излета од патеката и се здоби со сериозна повреда на рамото.
Спасувачките екипи реагираа брзо и Костелиќ веднаш беше префрлен во најблиската болница. Прв да му помогне стигна еден од неговите колеги скијачи, кој по професија бил лекар.
За медиумите тој изјави дека Костелиќ се здобил со сериозна повреда на рамото, но дека со Хрватот ќе биде сè во најдобар ред.
„Не го замислував вака скијањето, наместо на патеката завршив во болница, за среќа поминав само со дислокација на рамото“, напиша на Фејсбук Костелиќ.
Текстот (Видео) Ивица Костелиќ доживеа незгода е превземен од Reporter.mk.