Ербас авионот „Belug XL“ за прв пат денеска полета во Франција, а кружел на небото на југозападот од земјата.
Наследникот на Ербас Белуг е препознатлив по предниот дел, кога сега уште повеќе наликува на кит.
Супертранспортерот е еден од најголемите авиони на светот, а од својот претходник е подолг за шест метри и поширок за еден метар.
Полетал од Бланјака во Тулуз, со што го отпочна пробниот период од 10 месеци. После тоа, леталото ќе има и комерцијални летови.
Авионите од серијата Белуг воглавно се користат за транспорт на авионски крила од фабрилата до локацијата каде се склопуваат деловите.
Компанијата Ербас соопштила дека ова летало е едно од 5-те кое ќе се најде во употреба од 2019 година.
Текстот (Видео) Изведен првиот лет на авионот кит е превземен од Reporter.mk.