Маж од северозападниот дел на Кина, е приведен од полицијата, затоа што ја закопал неговата 79 годишна мајка жива. Жената која делумно била парализирала, била спасена по три дена.
Таа сега е во стабилна состојба во болница во провинцијата Шанки, јавува тамошната полиција. Обвинителите од округот Јингбиан, изјавиле дека педесет и осумгодишниот маж бил идентификуван и е обвинет за обид на убиство.
Сопругата на обвинетиот, им кажала на полицијата дека ја однел неговата неподвижна мајка со количка и повеќе не се вратил дома. Синот признал дека ја погребал мајка му во шума и дека таа била спасена подоцна истиот ден.
„Додека полицијата копаше во гробницата длабока два метри, мажот стоеше и не зборуваше ништо. Не кажа збор ниту кога ја виде мајка му сеуште жива“, изјавил неидентификнуван извор од полицијата.
Текстот (Видео) Ја закопал мајка му жива е превземен од Reporter.mk.