(Видео) Јавно се фалела со модринките добиени за време на сексот со британскиот премиер Борис Џонсон
Британката Џенифер Аркјури јавно им зборувала на свои блиски пријатели за модринките што ги добила за време на сексот со британскиот премиер Борис Џонсон. Ова за „Дејли мејл“ го открива нејзин поранешен пријател Мило Јанопулос.
„Џенифер гордо и на целиот глас се фалеше и ги покажуваше модринките добиени од нејзината романса со Борис Џонсон. Се обидував да ја одвратам од идејата да се гледа повеќе со него, но безуспешно. Таа ми потенцираше дека модринките не ги добила насилно и ги гледаше како трофеи добиени за време на сексот“, вели Јанопулос.
Џенифер и на други луѓе им открила за својот интимен однос штого имала со Борис Џонсон додека тој бил градоначалник на Лондон, особено по неколку испиени чаши вино, вели Јанопулос.
„Таа многу сакаше да зборува за врската со Џонсон. По неколку чаши вино таа се фалеше за периодот кога му била технолошки советник. Тогаш настана и скандалот за кој сега се сомничи британскиот премиер Борис Џонсон дека ја фаворизирал нејзината фирма да добие на јавен тендер“, вели Јанопулос.
Аркјури е поранешна манекенка, а сега работи како технолошки претприемач. Во моментов британските служби водат истрага против неа и британскиот премиер. Двајцата се сомничат за измама и наместен јавен тендер. Истрагата покажува дека фирмата на Џенифер била фаворизирана од страна на Џонсон, кој во тоа време бил градоначалник на Лондон. Фирмата на Џенифер успеала да земе повеќе од 100.000 фунти, пари на граѓаните.
(Видео) Јавно се фалела со модринките добиени за време на сексот со британскиот премиер Борис Џонсон was last modified: October 9th, 2019 by Љубисав Владимиров