Микиела Персико, девојката на заразениот фудбалер на Јувентус Даниеле Ругани, тврди дека од клубот сакале да сокријат дека нивниот играч е заразен со коронавирус. Ругани беше првиот фудбалер заразен со опасниот вирус во италијанското фудбалско првенство „Серија А“. Сега девојка му изнесе жестоки обинувања до челниците на клубот.
Како што пренесува „Газета дела спорт“, Ругани бил тестиран на 8. март кога се играше натпреварот меѓу Јувентус и Интер, а резултатите пристигнале истиот ден.
„Даниеле се врати дома од тренинг и не се чувствуваше добро. Имаше температура и го извести тимот дека ќе преноќи на друго место. Се разбуди и се чувствуваше подобро, а клубот сепак одлучи да го тестира на COVID-19. Знам со сигурност дека тестот го направи во недела на осми март, а јас на 16 март“, вели Милека за медиумите.
Луѓето од Јувентус одговорија на овие обвинувања сметајќи дека се лажни, затоа што, според нив, резултатите од тестот стигнале дури на 11. март и дека клубот веднаш ја известил јавноста за тоа.
Поради коронавирусот веднаш беше прекинато првенството во Италија, а набрзо ваквата одлука ја следеа и останатите лиги, а УЕФА ги помести натпреварите во Лига на шампиони и Лига Европа.
Текстот (Видео) Јувентус криел дека Ругани има коронавирус, обвинува девојката на фудбалерот е превземен од Reporter.mk.