(Видео) Како да имам стакло во градите, Британка го објаснува ужасот од заболувањето со корона

Британката Тара Џејн Лангстон, која во моментов се наоѓа на интезивна нега и води битка со коронавирусот, сними видео и им објасни на сите како изгледа и колку е тешко да се борите со оваа опасна болест.

Таа ја покажа цевката за дишење, без која веројатно не би можела нормално да дише. Особено вознемирувачко е што жената буквално се бори да дојде до воздух, а истовремено силно кашла.

Во разговорот со британските новинари, Тара го опиша дека се чувствува како да има скршени стакла во нејзините бели дробови. Откако влегла во интезивна нега, таа раскажала дека состојбата и се подобрила, барем за десетпати.

„За сите кои сакате да ризикувате со коронавирусот, погледнете ме добро мене. Ако навистина ви стане многу лошо, ќе завршите како мене“, изјавила Тара од својот болнички кревет во болницата „Хилингдон“ во Лондон.

Тара вели дека и таа некогаш мислела дека паниката околу коронавирусот е претерана и сега сака да ги предупреди сите свои пријатели и колеги да се откажат да се состануваат и да се дружат во вечерните часови.

„Мислев дека сите овие работи се глупости. Дека приказната е напумпана. Не сакав да поверувам во целата оваа хстерија. Тогаш добив коронавирус и никогаш повеќе не сакам да искусам вакво нешто, бидејќи ова е длабоко вознемирувачко и незгодно искуство“, раскажа Тара.

Текстот (Видео) Како да имам стакло во градите, Британка го објаснува ужасот од заболувањето со корона е превземен од Reporter.mk.