Фудбалерите на Бока Јуниорс беа каменувани од страна на навивачите на Ривера, по што спектакуларниот меч во Копа Либретадорес мораше да биде одложен.
По спектаклот во првиот меч (2:2) се беше подготвено за реваншот, но мечот мораше да биде одложен поради големите нереди во пресрет на мечот. Навивачите на Ривера фрлале камења во автобусот на фудбалерите на Бока, а користеле и солзавец. Повредени се неколку фудбалери кои завршија во болница.
Капитнот Пабло Перес, заврши со повреда на окото, откао во него беше фрлено парче стакло. Сепак и покрај победата, тој изјави дека е подготен за мечот.
Претседателот на ФИФА Џани Инфантино наводно се закани до клубот Бока, дека мечот мора да биде одигран, затоа што во спротивно тимот ќе биде дисквалификуван, казнен финансиски и ќе биде исфрлен од натпреварувањето пет години.
Долго се полемизирало дали мечот воопшто ќе биде одигран. Првично беше поместен од 21:00 часот за еден час подоцна, а потоа на 23:15 часот по средноевропско време.
RT @jonawils: News breaks game is off. pic.twitter.com/HbNaJvMaJj
— The Blizzard (@blzzrd) November 24, 2018
Неколку минути откако мина и последниот термин, челниците на ФИФА, АФА и КОНМЕБОЛ одлучиле мечот сепак да се одложи по донесениот џентлменски договор.
Навивачите на Ривера кои не биле на стадионот од време на време се пресметуваа со полицијата, која била принудена да употреби и гумени куршуми.
Мечот официјално е презакажан за денес, во недела со почеток од 21:00 часот по средноевропско време. Нема никакви официјални информации, но можно е Ривер да биде казнет поради однесувањето на навивачите и средбата да се одигра без публика.
CONFIRMED: Match will be played tomorrow at 1700 ET. Dominguez said it was a gentlemen’s pact.
— Juan G. Arango (@JuanG_Arango) November 24, 2018
Текстот (Видео) Каменувањето на фудбалерите на Бока го одложи Суперкласико! е превземен од Reporter.mk.