(Видео) Кинеската полиција вежба фаќање на заболени од коронавирус

На социјалните мрежи се споделува видео од акција на кинеската гранична полиција и како истата се справува со ширењето на коронавирусот. Прво го запираат возачот за кој сметаат дека е потенцијално заразен со опасниот вирус и преку скенер регистрираат дали има висока температура. Ако одбие да соработува и да оди во изолација, тогаш почнува акцијата.

На видеото возачот ќе се обиде да побегне со колата, но откако полицијата повторно ќе го запре, реагираат специјалците со штит. Возачот потоа ја трга маската и во тој момент полицајците му ставаат мрежа на главата, а потоа и лисици. Начинот на кој се спроведува оваа акција и опремата, особено делот со мрежата кој полицијата го користеше наиде на потсмев кај голем број твитерџии.

Текстот (Видео) Кинеската полиција вежба фаќање на заболени од коронавирус е превземен од Reporter.mk.