Американската морнарица го снимила избегнувањето судир меѓу кинески воен брод и американски разурнувач во Јужното Кинеско Море.
Портпаролот на американската Пацифичка флота, Нејт Кристенсен, изјавил дека американскиот брод во неделата пловел во водите меѓу Виетнам и Филипините, а во меѓувреме кинески брод му се доближил на само 41 метар.
Наведено е дека кинескиот воен брод извел низа агресивни маневри со предупредување до американскиот брод да се оддалечи од спорното подрачје.
Кинескиот брод се обидел да им го пресече патот на Американците и да го принуди американскиот капетан нагло да го врати во рикверц својот брод, тежок 8500 тони и долг 150 метри.
„Двата брода за малку ќе се судреа“, изјавил Карл Шустер, поранешен капетан на американската морнарица, кој има 12-годишно искуство, откако ги погледнал фотографиите од американската морнарица.
И покрај одлуката на меѓународната арбитража, која во 2016 година пресудила против Кина, Пекинг има право на речиси целото Јужно Кинеско Море и поради тоа сега води спор со Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија, меѓу кои се Виетнам, Филипините, Малезија и Бурнеја.
Најновиот крајбрежен инцидент се случил во моментот на напнати односи меѓу Кина и САД, земји кои учествуваат во трговска војна која веќе доведе до воведување царини за стока од милијарди долари.
Текстот (Видео) Кинески воен брод им го пресече патот на Американците е превземен од Reporter.mk.