Во градот Харбин кој се наоѓа на северот на Кина, се одржа годишниот фестивал наречен „Лед“. Повеќе од 300 мажи и жени, облечени само во костими за капење се бањаа во ледената вода и се натпреваруваа во пливање.
Натпреварот во пливање кој претставува дел од фестивалот, се смета за еден од најголемите натпревари кои се одржуваат на северната хемисфера, велат официјалните лица на фестивалот.
Температурите во овој град кој се наоѓа во кинеската провинција Хејлонгџијанг, можат да се симнат и под 35. степен под нулата на термометарот.
Пливачот Ју Хонгао (50) вели дека во ледената вода во реката Сонгхуа, тренирал да плива со месеци. Негова желба било да учествува на зимскиот турнир во пливање на фестивалот „Лед“, кој секоја година се одржува во Харбин.
„Морате да почнете со пливање уште во есен. Тогаш вашето тело и кардио-васкуларниот систем ќе можат да го истрпат моменталното влијание на студот. Кога ќе нурнете во водата, ќе почувствувате голем студ“, вели Ју, жител од Харбин.
Откако за прв пат се одржал овој натпревар, на почетокот на осумдесетите години од минатиот век, фестивалот „Лед“, секоја година привлекува милиони посетители од целиот свет.
Меѓу најголемите атракции се возењето со санки по реката Сонгхуа. Исто така интересни се и групните венчавки, огромните скулптури направени од мраз и снег. На нивното обликување работеле над илјада уметници.
Посетителите имаат можност да се воодушевуваат на минијатурните ледени реплики на Колосеумот во Рим и катедралата во Милан. За време на ноќта, скулптурите се осветлени во нежни светлосни бои.
Фестивалот привлекува и многубројни домашни туристи, кои го опишуваат местото како „зимски Дизниленд“.
Текстот (Видео) Кинези се бањаа во ледена вода на – 35. степени Целзиусови е превземен од Reporter.mk.