На социјалните мрежи се споделува видео за кое авторот тврди дека е снимено во градинка во Гевгелија, а на кое се слуша како воспитувачка навредува мало дете кое плаче без престан.
„Не знам колку се слуша, но еве што се случува зад грбот на родителите од многу искусните вработени во градинките. Плачењето траеше два часа, а таа наместо да ги смири им се обраќаше со кучко една, краво и што уште не. Не знаев дали да влезам и да ја утепам, што попрво да направам. Срце ми се распарчи, мали деца да трпат таква тортура. Страшно и безобразно. Инаку, градинката се наоѓа во Гевгелија на улицата Илинденска“, напиша во описот авторот на видеото, кое беше споделено на социјалната мрежа „Фејсбук“.
Ne znam kolku se slusa,no eve sto se slucuva pozadi grb na roditelite od mnogu iskusnite vraboteni vo gradinkite.Placenjeto traese 2 saati,a taa namesto da gi smiri im se obrakjase so kucko edna,kravo I sto uste ne..Ne znaev dali da i vlezam I da ja utepam sto poprvo da i napravam.Srce mi se rasparci mali deca da trpat takva tortura strasno I bezobrazno.Inaku gradinkata se naogja vo Gevgelija ul.Ilindenska
Gepostet von Julijana Ortakovska am Montag, 6. August 2018
Текстот (Видео) „Кучко една“, воспитувачка навредува мало дете во градинка во Гевгелија е превземен од Reporter.mk.