Низ улиците на Париз поставени се дизајнирани кутии наменети за мала нужда. Кога Парижани ќе имаат потреба да мократ, сега тоа можат лесно да го направат на секое ќоше, во специјалните кутии во кои има и засадено цвеќе кое ја неутрализира напријатната миризба на урината.
Одговорните лица сакаат да го решат проблемот со големиот број на непримерни граѓани кои уринираат секаде низ улиците на фанцуската метропола.
Кутиите се дизајнирани од нив да излегуваат цвеќиња. Непријатниот мирис целосно е елиминиран благодарение на сламата, која се користи како природно ѓубриво за цвеќињата. Поради тоа кутиите нема потреба да се врзуваат со канализационата мрежа.
Некои граѓани на Париз изразија незадоволство и кутиите ги сметаат за невкусен потег на одговорните служби.
Текстот (Видео) Кутии за мала нужда по улиците на Париз е превземен од Reporter.mk.