Во кинескиот град Ченгду, во провинцијата Сечуан, случаен минувач снимил необично видео, во кое црн лебед нападнал куче. Лебедот почнал силно да го удира кучето, а сопственикот се обидел да го викне да излезе од водата.
Стопанот вели дека ова не е прв пат неговото куче Си Ши да биде нападнато од лебедот. Тој и минатата година го нападнал неговиот златен ретривер.
„Си Ши не го сваќа ова премногу сериозно. Тој важи за куче кое сака да си игра во водата. Откако беше нападнат тој пак скокна во езерото“, изјавил стопанот кој објаснил дека за среќа кучето немало никакви повреди.
Текстот (Видео) Лебед нападна златен ретривер е превземен од Reporter.mk.