Леталото OSIRIS-Rex на НАСА пронајде траги од вода на астероидот Бену, што е големо и неочекувано откритие.
OSIRIS-Rex (Origins, Spectral Interpretation, Resource Identication, Security-Regolith Explorer) на почетокот на декември пристигна до астероидот, кој е оддалечен 160 милиони километри од Сонцето.
Со помош на два спектрометра (OVIRS и OTES) во минералите на глина го воочи хемискиот спој хидроксил, кој се состои од атом на кислород врзан со ковалентна врска со атом на водород.
Тоа значи дека во одреден период, на астероидот Бену, кој е голем „само” 487 метри, постоела вода во течна состојба. OSIRIS-Rex на 31 декември ќе влезе во орбитата околу астероидот и таму ќе остане до средината на февруари.
Неговата мисија е да се спушти на астероидот и да земе примерок за проучување кој до 2023 година би требало да го врати на Земјата за детално проучување.
Текстот (Видео) Летало на НАСА пронајде траги од вода на астероидот Бену е превземен од Reporter.mk.