(Видео) Ловрен до Врсаљко: Онаа таму вчера ме масира

На „Твитер“ се шири снимка од Дејан Ловрен и Шиме Врсаљко, која настанала на прес-конференцијата во Русија.

Според снимката, се чини дека Ловрен му шепнал нешто на својот колега за девојката што го масирала претходниот ден.

„Таа таму десно на крајот. Таа вчера ме масира“, се слуша на снимката во моментот кога Ловрен и Врсаљко во исто време, обидувајќи се да изгледаат опуштено, се вртат во ист правец.

Иако во вакви снимки секогаш постои прашањето на автентичност, се чини дека Врсаљко и Ловрен сепак си шепотат нешто за масирање затоа што ист звук се слуша на снимката на целата конференција, која е објавена на „Јутјуб“ (од 5:20 минута).

Пресот се случил пред мечот меѓу Хрватска и Русија.

Ова не е првпат снимка од „огнените“ на прес-конференција да стане хит. На интернет имало шега и на конференцијата на која биле Даниел Субашиќ и Марио Манџукиќ, а на која ги збуни прашањето поставено од новинар на лош англиски јазик.

„Што кажа?“, го прашал збунето Субашиќ својот колега Манџучиќ, кој го удрил со раката со надеж дека тој ќе може да одговори на прашањето.

 

Текстот (Видео) Ловрен до Врсаљко: Онаа таму вчера ме масира е превземен од Reporter.mk.