Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, се расплака во радио емисија во која беше и поранешната боксерска легенда Шугар Реј Леонард. Потсетувајќи се на старите времиња „Железниот Мајк“ не успеа да ги задржи солзите.
„Знаев да се борам, бев борец и ја познавав уметноста на борбата и на војната. Затоа се плашеа од мене во рингот. Уништував луѓе во рингот. Бев роден само за тоа. Но, тие денови минаа и сега сум празен. Сега сум никој и ништо. Сакам да бидам скромен и работам на себе си, но секогаш се растажувам, затоа што сега сум друг човек. Ми недостасува минатото, го сакам тој Мајк од порано. Но истовремено се обидувам тој претходниот Мајк да го задржам внатре во себе. Затоа што се плашам дека ако го пуштам, може да настане пекол“, изјави Тајсон.
Тајсон стана светски шампион во 1986 година, кога имаше само 20 години. Во 1992 година беше осуден на шест години затвор поради силување. Излезе на слобода откако одлежа половина од казната.
Боксерот повторно се врати во рингот, а брзо потоа беше дисквалификуван кога на Ивандер Хилифилд му одгриза дел од увото. Тајсон кариерата ја заврши со 50 победи и шест порази. Боксерот се пензионираше во 2005 година.
Holy shit, Mike Tyson just sent shivers down my spine pic.twitter.com/hjMOAi8m6C
— 🦅 (@usy1_) March 1, 2020
Текстот (Видео) Мајк Тајсон се расплака: Порано уништував луѓе во рингот, а сега сум никој и ништо е превземен од Reporter.mk.