Жена од Тајланд го оставила своето новороденче во контејнер и си заминала. Безбедносните камери го снимиле моментот кога таа со мотор, со уште едно дете, стигнала со бебето, го оставила и си заминала, без другите минувачи да забележат дека станува збор за бебе.
Дури неколку часа подоцна, еден од луѓето кои го собирале ѓубрето, го забележал бебето. Комуналецот веднаш ги повикал службите, а бебето било однесено во болница. Според информациите од тамошните медиуми, тоа сега е во добра здравствена состојба.
Полицијата почнала да го истражува случајот, а истрагата ги донела до мајката која ја пронашле во тешка физичка состојба. Тие ја однеле жената во болница поради силно крварење. Младата жена им признала на полицијата дека го оставила своето бебе во контејнерот. Таа им кажала дека има четири деца и дека не може да издржува уште едно.
Изјавила дека нема доволно пари за храна и го оставила бебето со надеж дека некој ќе го пронајде и ќе го земе да се грижи за него.
„Мојот сопруг е возач. Заработува само 250 долари до 300 долари месечно. Тоа не е доволно за петчлено семејство“, им кажала жената на полициските служби.
„Не сакав да го убијам. Се породив во тоалет. Го оставив таму со надеж дека некој ќе го пронајде и ќе се грижи за него. Ми беше страв дека некој ќе ме види како го оставам моето бебе во контејнерот, па брзо избегав. Жал ми е поради сè“, објаснила жената.
Текстот (Видео) Мајка го остави новороденчето во контејнер е превземен од Reporter.mk.