(ВИДЕО) Мајка од Уганда сама се грижи за своите 44 деца оти сопругот ја напуштил

Марјам Набатнази од Уганда веројатно го држи светски рекорд кога се работи за мајки кои родиле најголем број деца. Мајрам, која има 39 години, досега родила 44 деца, од кои 38 се живи. Првите четири породувања биле со близнаци, а потоа имала три бремености во кои родила петорки, а потоа и три со тројки. Потоа уште еднаш имала близнаци, а сите останати породувања ѝ биле со по едно дете.

Сите деца се на возраст од пет месеци до 23 години и сите ги родила по природен пат.

Првата бременост ја имала откако се омажила на само 13 години, а како што самата признала, децата ги раѓала во период од година и пол. Како што вели, рано се омажила затоа што нејзината мајка починала, па како девојче сама останала со таткото, кој што побргу ја омажил за првииот кој наишол.

Марјам сите свои деца ги зачнала со ист маж, нејзиниот сопруг, кој по последното породување исчезнал и ја оставил сама да се грижи за децата. Претходно со години ја малтретирал, тепал и зел сè што имале во куќата.

Иако неколкупати се обидела да користи контрацептивни средства, сè било бескорисно и секогаш повторно забременувала, и тоа  поради реткото хормонално нарушување хиперовулација,  поради што кога и да забремени, обично раѓа повеќе деца одеднаш.

Марјам сега е сама со своите деца, сама ја кренала куќата и ја опремила и, како што вели, не сака да проси туку вредно работи и учи разни занаети за да може на децата да им обезбеди школување, облека и храна.

Meet Uganda’s most FERTILE woman!

‘I was too fertile to stop!’ Uganda’s most fertile woman has given birth to a whopping 44 children!Courtesy: Kassim Kayira / AzamTV

Gepostet von RT Play am Samstag, 27. Oktober 2018

Текстот (ВИДЕО) Мајка од Уганда сама се грижи за своите 44 деца оти сопругот ја напуштил е превземен од Reporter.mk.