Македонци кои живеат во Австралија се истепале во црквата Св. Димитрија во Мелбурн. Тие биле навредени од тоа што пред неколку дена незаконската управа по инструкции на отец Миле Талески ги променила бравите на црквата, биле извадени камерите поставени од законската управа и поставиле свои камери и свои телохранители, пренесува „Фаланга“.
Наводно, меѓу Македонците постоело незадоволство и затоа што отец Талески не можел да ја врати тапијата од црквата во банка, но и од дрскоста на Епархијата и нејзиниот свештеник отец Јовица Симоновски. Ова е трет конфликт помеѓу верниците и свештенството под раководството на Митрополитот Петар.
Текстот (Видео) Македонци се степаа во црква во Австралија е превземен од Reporter.mk.