Гејминг-тимот на Workbench Entertainment од Македонија најави дека конечно е готова нивната прва игра „Wounded“. Станува збор за хорор игра, а овој проект, тие го започнале пред три години. Играта официјално треба да излезе во 2019 година.
Пред неколку дена излезе и официјален видео-запис за тоа како ќе изгледа играта, а на „ју-тјуб“ собра лавина позитивни коментари од љубителите на компјутерски игри.
Wounded е преживувачка хорор игра, која се игра во прво лице, а управува главниот лик, Тим. Тој ја бара својата исчезната ќерка во напуштено и мистериозно место.
Овој тим е создаден во 2014 година, од група млади гејмери ентузијасти од Скопје.
Текстот (Видео) Македонски гејмери создадоа хорор игра е превземен од Reporter.mk.