Поранешниот американски маринец Чарли Винтер ја спасил својата ќерка од напад на ајкула, пренесува „Би-Би-Си“. Чарли веднаш скокнал во водата кога ја забележал ајкулата која пливала покрај неговата ќерка Пејџ во водите покрај плажа во Атлантик Бич.
Удирајќи ја со боксови, Чарли успеал да ја избрка ајкулата и да ја спаси Пејч, која подоцна лекарите поради здобиените повреди морале да и ја ампутираат ногата. Баба ѝ Џенет, подоцна соопштила дека нејзиниот син успеал да ја избрка ајкулата удирајќи ја во главата пет пати, пред да биде нападната нејзината внука.
‘I will be OK,’ says Paige Winter, the 17-year-old recovering from serious injuries after a shark attacked her off a North Carolina coast. pic.twitter.com/BysuNnQkUD
— 3rd Hour of TODAY (@3rdHourTODAY) June 4, 2019
Медиумите пишуваат дека Пејџ била посветена на заштита на океаните и морскиот свет и дека е во стабилна состојба. Од болницата таа порачала дека се надева дека луѓето ќе продолжат да ги почитуваат ајкулите и нивното живеалиште.
Текстот (Видео) Маринец jа спасил ќерка му од напад на ајкула е превземен од Reporter.mk.