Исто така, како втора грешка медиумите го посочија инцидентот со групата „Femen“, кога жена која се соблече топлес истрча пред конвојот со автомобили во кој беше американскиот претседател, Доналд Трамп.
Во серијата на пропусти медиумите го додадоа и кралот на Мароко, кој на едно видео кое кружи низ медиумите се гледа како тој задремува за време на говорот на францускиот претседател Емануел Макрон. Мароканскиот крал седи веднаш до првата дама на САД, Меланија Трамп, а до неа, пак седи претседателот Трамп.
Трамп одеднаш го здогледал кралот и со лут поглед „го застрелал“, пишуваат медиумите.
Според дел од коментарите, пак кои излегоа на социјалните мрежи, марокнаскиот крал, Мухамед VI заспал поради силни лекови, бидејќи тој наводно имал неколку операции во последно време.
Текстот (Видео) Мароканскиот крал заспа за време на говорот на Макрон е превземен од Reporter.mk.