Најпознатиот културен симбол во Париз, Ајфеловата кула, е затворена за посетителите, откако непознат маж почнал да се качува на 300 метри високата градба.
Иако засега не е наведена официјалната причина за затворањето на кулата, на социјалните мрежи кружат фотографии на кои се гледа како непознато лице се качува на надворешната страна на конструкцијата на прочуената кула.
На официјалната страна на оваа туристичка атракција стои известување дека обиколката за посетителите ќе биде одложена за во иднина.
„Ајфеловата кула е затворена. Ги молиме нашите посетители да ја одложат планираната посета, за да го избегнат долгото чекање“, е наведено во соопштението.
Текстот (Видео) Маж сакал да се фрли од Ајфеловата кула е превземен од Reporter.mk.