Медицинската сестра од Бразил, Елаин Оливеира, повеќе не комуницира со своите браќа, затоа што, како што таа вели, тие не веруваат дека коронавирусот постои, односно му веруваат на претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, дека е во прашање обичен грип.
Оливера на „Инстаграм“ објавила своја фотографија, каде е облечена во целосна заштитна опрема и ги замолила луѓето да останат дома и да не ризикуваат да се заразат од опасниот вирус.
Тоа не е единствениот извор на фрустрација за медицинските сестри кои работат во државата Сеара, на североистокот на Бразил, пренесува „Би-би-си“. Тие велат дека се ставени во ситуација да одбираат за животите на пациентите.
„Мораме да одлучуваме за тоа кој ќе го ставиме на респиратор, а кој не“, вели Оливерира, која ги лечи пациентите заболени од „Ковид-19“.
Текстот (Видео) Медицинска сестра се одрекла од браќата, затоа што веруваат дека коронавирусот не постои е превземен од Reporter.mk.