Професионалниот борач и актер Цезар Барон, познат како Силвер Кинг, починал во рингот за време на мечот во Лондон. Барон бил ѕвезда во родното Мексико, а настапувал со актерот Џек Блек во филмот Nacho Libre од 2005 година.
Педесетгодишниот борец, како што пишуваат светските медиуми, настапувал во Рауундхаус во Лондон, каде колабрирал. Според последните извештаи од лекарските тимови, веројатно станува збор за срцев удар.
Во текот на борбите Цезар секогаш носел маска, зашто тоа било обичај во културата на мексиканските кечери.
Текстот (Видео) Мексикански кечер почина во ринг сред борба е превземен од Reporter.mk.