Британски милионер просведочил на последните моменти од животот на неговата ќерка. Двајцата патувале со авион на пат кон Франција.
Еднан Лаперус основач на позната фабрика за играчки, за време на летот беспомошно ја гледал ќерката Наташа како се гуши од алергиска реакција.
Наташа на почетокот се пожалила на болки во грлото. Таа се пожалила на болки само три минути откако изела сендвич на кој била алергична.
BBC News – Pret baguette inquest: Plea for help after allergic reaction https://t.co/9nqDXv44iO Completely preventable tragedy! Shame on all those involved for inadequate labelling that resulted in this poor girl’s death.
— Ruth Thompson (@RthompsonRuth) September 24, 2018
Девојката која била алергична на сусам, банана и ореви не ги забележала кобните зачини во сендвичот.
„Ми рече дека и е лошо и да не го јадам сендвичот. Имал лош вкус и мирисал на туна. Потоа замина во тоалет. За половина час по полетувањето ми рече дека и станува се полошо“, изјавил Еднан.
Паниката настанала по добиените пикови на стомакот. Еднан и дал EpiPen адреналинска инекција, но без никаков ефект.
„Ми рече дека не може да дише. Гледаше во мене и очекуваше да ја спасам. Веднаш го повикав екипажот за да и дадат кислород и маска“, изјавил Надим.
Nadim Ednan-Laperouse says “My world has come to an end”. His statement is being read out at the inquest into his daughters death. Natasha died 2 yrs ago, it’s claimed, after suffering a severe allergic reaction to a Pret a Manger baguette.Her mother and brother are also in court pic.twitter.com/tvG8ewlR7y
— AmyLewisITV (@AmyLewisITV) September 24, 2018
Давањето помош на девојката продолжила и по слетувањето во Франција, но Наташа починала на пат кон болницата. На пат кон болницата Надим и го дал телефонот да може Наташа да се слушне со најблиските и да може за последен пат да се збогува со нив.
Текстот (Видео) Милионер беспомошно гледал како ќерка му умира во авион е превземен од Reporter.mk.