Милионерот Тери Мекгрети ја примил брачната двојка од Калифорнија Грег и Мери, да живеат во неговиот дом. Она што го натерало да ги прими во својата куќа е љубовта меѓу нив двајца. Тери вели дека бил вчудоневиден од тоа како љубовта меѓу нив двајца успеала да опстане во суровата средина.
По неколку децении поминати на улиците, Грег и Мери велат дека животот целосно им се променил. Тие веднаш ја прифатиле поканата да се преселат во луксузната куќа вредна четири милиони долари, во населбата Пиедмонт. Ова место е познато по тоа што во него живеат само богати и влијателни луѓе.
Една година подоцна Тери заедно со Грег и Мери ја раскажале својата приказна за медиумите.
Грег пред да остане без работа работел како обезбедување, додека Мери била касиерка. Тој имал 60 години, а таа била десет години помлада. Велат дека во моментите кога останале на улица, нивната здравствена состојба се влошила. Двајцата морале да се просат низ улиците за да преживеат.
Тери вели дека за нив двајцата прочитал во колумна во локален весник. Тој го контактирал новинарот и ги побарал за да им помогне. Грег и Мери се преселиле кај Тери во февруари 2019 година. На почетокот роднините го советувале Тери и го предупредиле на опасноста да живее со непознати луѓе.
Самиот тој признава дека на почетокот му било тешко да се навикне на нив и имал проблеми со соседите.
„Првите неколку месеци ни беше тешко. Имавме многу проблеми. Во оваа населба живеат само два проценти Афроамериканци. Соседите се плашеа од нив. Еднаш се случи да повикаат полиција кога ги виделе како чекаат автобус на станица“, вели Тери.
Мари која боледува од сколиоза, вели дека убаво и е кога седи на скалите во куќата на Тери. Сака да пуши цигари, а понекогаш има желба да проба и марихуана. Вели дека соседите често се жалеле на мирисот. Постојано му се жалеле на Тери и биле исплашени за нивните деца.
Имало моменти кога Грег и Мери посакале да се вратат на улица, за да не им прават проблеми на соседите, но Тери не им дозволил. Тој правел сè за двајцата се вклопат во заедницата.
„Нема шанси да им дозволам да се вратат на улица. Повеќето луѓе кои добро ме познаваат знаат дека никогаш нема да ги исфрлам од дома“, вели Тери.
Текстот (Видео) Милионер поканил двајца бездомници да живеат со него е превземен од Reporter.mk.