Египет победи поради еСватини (поранешен Свазиланд) со 4:1 во квалификациите за Африканскиот куп на нации во Каиро. Мечот беше запаметен по неверојатниот погодок на ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах, кој постигна гол од корнер, сличен на оној кој македонскиот репрезентативец Артим Шакири, го постигна против Англија во 2002 година.
Салах ја доведе својата репрезентација во водство од 4:0 откако во 45 минута директно од корнер упати удар кон противничкиот гол. Покрај него стрелци за Египет беа и Ахмед Ел Мохамад, Амр Вард и Махамед Трезеге Хасан.
По сјајниот погодок на Салах, играчот на Ливерпул мораше да биде заменет поради повреда. Првичната дијагноза е дека претрпел повреда на мускул. Лекарите велат дека не е ништо сериозно, но мора да се изработат дополнителни прегледи за да се утврди тежината на повредата.
Just Mohamed Salah scoring from a corner….. pic.twitter.com/GeE7wYDPgY
— Anfield HQ (@AnfieldHQ) October 12, 2018
Со оваа победа Египет се изедначи на врвот на телбата Ј, заедно со Тунис кој има шест бодови, но и меч poмалку.
Текстот (Видео) Мохамед Салах постигна гол од корнер како Артим Шакири против Англија е превземен од Reporter.mk.