Талентирани артисти од Битола создадоа впечатлив мурал на зградата „Шехерезада“ . „Lady Lynx“ е најголемиот мурал на момците од групата Hybrid Minds Crew, која постои веќе две години и стои зад многу графити и мурали во Битола.
Колоритното дело ги симболизира убавите битолчанки, моликата и препознатливиот битолски рис, а е изработено од артистите Драган Милованов и Владимир Бошковски на површина од 100 м2.
Текстот (Видео) Мурал во Битола за убавите битолчанки е превземен од Reporter.mk.