(ВИДЕО)На 104 години без грешка рецитираше песна од детството

Франциска Млакар, вечра наполни 104 години. Родена е на Денот на вљубените, во 1915 година во Хрватска. Таа живее во Домот за стари лица „Здружение Mарија“ во местото Чрет , а персоналот и штитениците од домот нагалено ја викаат баба Фаника, пренесе хрватскиот медиум „24 сата“.
На нејзиниот роденден вчера, најмногу ја израдуваа децата од едно основно училиште од Краписнке Топлице, а и од едно во Загреб.


Бабата ги изненади учениците со песна која ја научила уште додека таа била во основно училиште, и сега по толку години, уште ја знае на памет. Полни четири минути, Франциска ја рецитирала песничката без да згреши ниту еден стих. И децата, за неа подготвиле песничка, а ѝ упатиле и честитка со сто убави зборови, која е дел од традиционалната акција на учениците од основното училиште од населбата Волтино од Загреб.


Франциска Млакар е родена во местото Чрет близу до Крапинске Топлице и целиот свој живот го поминала таму. Таа и сопругот главно се занимавале со земјоделска работа, а имале пет деца. Живи од нив се само уште две ќерки.
„ Нејзината долговечност е најдоброто што Бог ни го подари на сите нас. Таа остана скромна, трпелива, во неа има многу љубов за сите, не само за луѓето, туку и за животните, а најмногу спрема нас, нејзините деца. Моите мајка и татко имаа добар брак и беа среќни. Татко ми почина на 77 години. Остана без двете нозе, мама се грижеше за него. Со ноќи не спиеше, будна седеше крај него“, раскажала ќерката Ѓурѓа Пучек за „Загорје Интернационал“.

Текстот (ВИДЕО)На 104 години без грешка рецитираше песна од детството е превземен од Reporter.mk.