На британскиот пратеник Алок Шарм му се слоши за време на неговиот говор во Парламентот, па останатите колеги, од страв дека станува збор за короанвирус, веднаш ја напуштија салата.
Шарм бил тестиран на Ковид-19 и бил позитивен, па сега се наоѓа во самоизолација. Шарм се потел додека учествувал во расправата и неколку пати го бришел своето чело со марама за време на својот говор, пренесува Би-би-си. Просторот во салата веднаш бил дезинфициран, откако Шарм ја напуштил салата.
Иако бројот на пратениците на кои им е дозволено да седат во Парламентот и понатаму е ограничен, многумина не се задоволни од тоа што треба да се вратат внатре и тврдат дека тоа претставува ризик и за нив и за нивните бирачи.
Текстот (Видео) На британски пратеник му се слоши, па салата веднаш се испразни е превземен од Reporter.mk.